Зголемената употреба на клима-уредите во автомобилите значи и поголема потрошувачка на гориво, но постои едноставен начин значително да ја намалите – сè се сведува на едно подесување.
Имено, повеќето возачи не размислуваат дека климата може да црпи воздух за ладење од кабината или од надворешноста. Кога „климата“ користи надворешен воздух, потребна е значително поголема енергија за да го излади, особено кога надвор е пеколно топло.
Наспроти тоа, кога се активира циркулацијата на воздухот во кабината, системот користи веќе изладен воздух, што троши помалку енергија – и гориво, пишува Revijahak.
Покрај тоа, циркулацијата има и дополнителни предности: филтрира воздух, спречува влегување прашина, загадување и непријатни мириси.
За време на летните месеци, се препорачува да ја држите функцијата за циркулација вклучена, особено при возење во град или на подолги патувања.
Понекогаш можете да ја исклучите циркулацијата – само за да го освежите воздухот во кабината.
Според проценките, со правилно користење на овој режим, може да ја намалите потрошувачката на гориво за повеќе од 10%.
Значи, едноставно притискање на копчето за циркулација може да ви донесе реална заштеда.
Одржувањето на климата е клучно
Треба да знаете и дека клима-уредот различно влијае на потрошувачката во зависност од условите за возење – најмногу троши при градско возење и кога автомобилот стои (работи во празен ход), а помалку на отворен пат.
Избегнувајте гужви – средете ја климата во автомобилот пред неподносливите горештини.
Најефикасен систем е оној што самостојно ја регулира внатрешната температура – затоа редовно сервисирајте ја климата и проверувајте ги филтрите.
Ако барате начин да ја изладите кабината, а да не се огрешите на буџетот, сега знаете што треба да направите.