Макрон: Мирот станува возможен

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави одлуката за ослободување на првите групи израелски заложници од страна на Хамас, оценувајќи дека овој чин претставува клучен чекор кон можен мир на Блискиот Исток.

„Мирот станува можен за Израел, за Газа и за целиот регион“, изјави Макрон, додавајќи дека меѓународната заедница треба да го искористи моментот за обновување на преговорите и за трајно политичко решение.

Францускиот претседател ја повтори поддршката за напорите на дипломатите и посредниците кои работат на договори за размена на заложници и прекин на огнот. Според него, ослободувањето на цивилите е предуслов за создавање доверба меѓу страните и за започнување поширок мировен процес.

Ослободувањето на заложниците се случува по повеќемесечни интензивни преговори и посреднички напори на неколку држави, вклучително и Катар и Египет, во обид да се стави крај на насилствата што траат од почетокот на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни