Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека следните мерки за поддршка на Украина мора да бидат насочени кон зајакнување на воздушната одбрана, борба против беспилотни летала, снабдување со ракети со долг дострел и зголемување на притисокот врз руските извори на финансирање на војната.
На панел-дискусија на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, Макрон оцени дека Москва „очигледно не ја постигнува својата главна цел“, бидејќи руската „специјална операција“ не успеа да го освои Киев или да го промени режимот во Украина.
„Ситуацијата денес е многу подобра отколку на почетокот на годината“, рече тој, посочувајќи на поголема меѓународна поддршка, вклучително и „повторното ангажирање“ на Соединетите Американски Држави.
Претходно тој Макрон истакна дека Русија е најголемата структурна закана за Европејците, наведувајќи мешање во изборните кампањи, кибернапади, атентати на противници и ширење лажни информации.
„Наивни сме ако не препознаеме дека тајната армија на Русија се шири во нашите демократии. Таа се состои од оние мали анонимни воини што ги нарекуваме дигитални ботови. Тие ја манипулираат демократијата во Франција, Германија и низ цела Европа“, предупреди тој.