Макрон: Франција не е во војна со Иран

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција не е во војна со Иран, по нападот со дрон во Ирак во кој загина еден француски војник, а шестмина беа ранети.

Франција не сака да биде вовлечена во војна со Иран, изјави францускиот претседател Емануел Макрон откако еден француски војник загина, а шестмина беа ранети во напад со дрон во Ирак.

Макрон нагласи дека Франција не е во војна со Иран и дека ќе продолжи да дејствува „внимателно, смирено и решително“.

„Кога станува збор за актуелниот конфликт, Франција дејствува исклучиво одбранбено“, додаде тој.

Француската армија ја истражува позадината на нападот

Нападот се случил во близина на Ербил, на северот на Ирак, а француската војска во моментов ги анализира сите факти и околности поврзани со инцидентот.

Според Макрон, француските војници биле нападнати додека учествувале во операциите на меѓународната коалиција против тероризмот во регионот.

„Тие се бореа, како и во изминатите години, во рамки на меѓународната коалиција против тероризмот и во служба на суверенитетот на Ирак. Тоа, секако, е неприфатливо“, изјави францускиот претседател.

Проиранска група се закани со нови напади

Засега не е познато кој стои зад нападот врз базата што ја користат француските сили, лоцирана на околу 40 километри југозападно од Ербил.

Меѓутоа, проиранската вооружена група Ашаб ал-Каф на Телеграм објави дека ќе ги напаѓа „сите француски интереси во Ирак и во регионот“.

Заканата доаѓа откако Франција во регионот го испрати својот носач на авиони „Шарл де Гол“, што дополнително ги зголеми тензиите во веќе нестабилниот Блиски Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни