Македонски студенти на регионална мисија

Претставниците на УСС-УКИМ со значајна посета на водечките универзитети во регионот

Претставниците на Универзитетското студентско собрание на УКИМ – Марија Шоповска, Кристијан Сар и Александар Николовски – посетија два од водечките универзитети во регионот: Универзитетот во Белград и Универзитетот во Нови Сад.

Во рамките на посетата, реализирани се средби со:

  • Марко Старовиќ, заменик-претседател на националното студентско тело на Србија (СКОНУС),
  • Дамјан Вакањац, претставник на Универзитетскиот парламент во Нови Сад, и
  • Ана Грчиќ, студент-проректор на Белградскиот универзитет.

Претставниците на УСС-УКИМ учествуваа и на МЕКСТ конференцијата, еден од најголемите настани за образование и туризам во регионот, каде се поврзаа со студенти и професионалци со цел заедничко унапредување на знаењето и практиките.

Тие присуствуваа и на студентски протест, каде дадоа силна поддршка за борбата против секоја форма на угнетување на студентскиот глас, истакнувајќи дека студентите секогаш треба да бидат слушнати.

Посетата е дел од Програмата за работа на УСС-УКИМ за академската 2024/25, со цел собирање искуства за унапредување на студентскиот стандард и квалитетот на високото образование во Македонија.

„Од студентите, за студентите!“ – УСС-УКИМ продолжува да се залага за подобро студентско организирање и повисок квалитет во образованието.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни