Македонската стрип иднина на фестивал во Полска

Како резултат на воспоставената меѓународна соработка , неколкумина млади стрип автори од Македонија ,преку нивните стрип дела учествуваа на 13 Стрип фестивал во Краков, Полска. Тоа се : Ангела Петрушевска, Методија Стојановски, , Матеа Аризановска, Славица Купенкова ,Ѓоре Ѓелев, како и Војдан Андонов и Цанко Стефанов (од групата ПАРАГОНС) Овој фестивал  се одржа од 22 до 24 март.

Како што извести Томе Трајков од Македонскиот стрип центар од Велес , оваа изложба и каталог  се продукт на соработката започната во август 2023 и гостувањето на стрип уметници од земјите на Вишеград групата на стрип колонијата во Велес.

Инаку, стрип фестивалот во Краков е најголемиот годишен состанок на љубителите на стрипови, илустрации, анимации и други форми на визуелно раскажување приказни во јужна Полска. Програмата на секое издание вклучува атракции за сите возрасни групи: средби со автори, панели за дискусија, предавања, работилници, косплеј шоуа и изложби.

Јадрото на програмата на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков (22-24 март)  се состои од средби со уметници од Полска, Чешка, Франција, Германија, Велика Британија и Аргентина. Ќе има индивидуални и групни изложби со уметници од целиот свет. Фестивалот ќе биде проследен и со стрип прошетки низ Краков.

Организатори на 13-тиот фестивал на стрипови во Краков се: Здружението на стрипови во Краков, Фондацијата музеј на стрипови и Канцеларијата на фестивалот во Краков – оператор на програмата Град на литературата на УНЕСКО во Краков и палатата Потоцки.

Свесни сме ,завршува Трајков, дека иднината на македонскиот стрип не завршува со споменатите автори ,таа категорија е  е доста побројна . Заради тоа Стрип центарот од Велес континуирано организира едукативни активности и мегународни промоции ,што нема да изостане и во 2024. За истото македонската стрип јавност ќе биде благовремено информирана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни