Македонката Барбара Поповиќ која „растури“ со изведбата на „Зајди, зајди“ ќе учествува на „Санремо“

Младата пејачка Барбара Поповиќ пред неколку денови ги воодушеви жирито и публиката со импресивната изведба на песната „Зајди, зајди“ во регионалното музичко шоу „IDJ Show“.

Како што дознава „Фокус“, на престижниот фестивал „Санремо“ во 2025 година пред публиката ќе учествува и македонската пејачка.

Од нејзиниот тим за „Фокус“ потврдија дека Барбара ќе биде дел од фестивалот во Италија, а откриваат дека таа има македонско-италијанско потекло, односно нејзината мајка е охриѓанка, а таткото е од Италија.

Барбара е млада пејачка која на сцената е од својата шеста година. Зад себе има учествувано на многу фестивали, како и освоени награди и признанија.

Таа се истакна со својот талент и специфичната боја на гласот, а успеа да ги освои срцата на јавноста и високо котира на листата на „IDJ Show“.

Таа блесна на главната сцена на шоуто, доби голем аплауз од публиката, а потоа имаше можност да ги слушне коментарите на членовите на стручното жири, раперот Реља Поповиќ, пејачката Наташа Беквалац и еден од најдобрите македонски композитори, Дарко Димитров.

Извор: https://espreso.mk/vi-preporachuvame/makedonkata-barbara-popovik-koja-rasturi-so-izvedbata-na-zajdi-zajdi-ke-uchestvuva-na-sanremo/?fbclid=IwAR3HiE4G2oYbLKESiXh2layjzToV-HvCIgIhwypOvy9jbMqlEnl2Xv-

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни