Македонија со најниска просечна плата во Европа

Просечната плата во август во земјава била 41.097 денари или 668 евра, додека пак работниците во Србија заработуваат во просек 836 евра месечно, во Босна и Херцеговина 710, во Црна Гора 861 евро, во Хрватска 1.324 евра и во Словенија 1.495 евра.

Според последните податоци, Македонија и понатаму останува на дното во Европа според висината на просечната плата. Работниците во Србија заработуваат во просек 836 евра месечно, во Босна и Херцеговина 710, во Црна Гора 861 евро, во Хрватска 1.324 евра и во Словенија 1.495 евра.

Во последните 10 години, просечната плата во Македонија пораснала за околу 94%. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2014 година била 21.217 денари, додека во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

Токму ова е една од причините за масовното иселување на младите од земјава, покажа и последното истражување на Младинската студија на Југоисточна Европа, каде покрај ниските плати, како најголем проблем се посочени и корупцијата и несигурноста на работните места на младите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни