Македонија се гуши во ѓубре

На територијата на Македонија има околу 50 активни комунални нестандардни депонии (ѓубришта) кои работат без никаква дозвола и згора на тоа имаме над 2.000 нелегални депонии. Депониите претставуваат потенцијална опасност за загадување на почвите, површинските води и подземните води, како и воздухот и се ризик за биодиверзитетот, земјоделското земјиште и здравјето на луѓето. Годишно се губат околу 1.300 животи од аерозагадувањето.

Вo 2023 година како држава сме произвеле 350.833 тони комунален отпад или во површина тоа би било 460.710 метри кубни. Пресметано во просек по глава на жител, секој жител на Северна Македонија лани создал 334 kg и 0,43 m3 ѓубре.

Ако на ова се додадат колчините опасен отпад кои изнесуваат 417.753 m3 или 3751 тон, што се создава при ископување и физичка и хемиска обработка на минерални суровини, бројката е многу поголема. Од сиот овој т.н опасен отпад, времено складирани се 239 тони, а непрецизирано во извештаите е како е постапувано со речиси 364 тони опасен отпад.

Медицинските установи пак(здравствени домови, клинички центри, болници, поликлиники), вкупно 72 на број, во 2023 година создале 1.041,38 тони медицински отпад. Во Дрисла биле согорени 55.487 kg.

Колку од сето ова е рециклирано?

Според податоците во Годишниот извештај за животна средина за 2023 година, процентот на рециклирање на материјалите е различен за поединечните материјали. На пример: рециклираната пластика во однос на пластиката пуштена на пазарот изнесува 40,82%, рециклираните хартија и картон во однос на истите пуштени на пазар изнесува 93,06%, рециклиранотo стакло во однос на стаклото пуштено на пазар изнесува 51,02%, рециклираниот метал во однос на металот пуштен на пазар е 80% и на крај, рециклирано дрво во однос на дрвото пуштено на пазар изнесува 20,34%

Според направените анализи од страна на доставените податоци од колективните
постапувачи, стапката на обновување или на горење отпад со обновување на енергија за 2023 година изнесуваа 61%, додека пак стапката на рециклирање за 2023 година изнесуваа 58,88 проценти.

Отстранување на отпадот

Според извештаите кои се достапни, на територијата на Македонија има околу 50 активни комунални нестандардни депонии (ѓубришта) кои работат без никаква дозвола и згора на тоа имаме над 2.000 нелегални депонии.

Депонијата “Дрисла”, која му служи на Скопскиот регион, е единствена депонија во земјава која работи спред стандардите утврдени со Националната Стратегија за управување со отпад (2020-2030).

Ниту една од општински депонии не ги исполнува барањата за санитарно работење и заштита на животната средина. Најголем дел од комуналниот цврст отпад и од другиот собран отпад се одлага без никаков предтретман на комуналните нестандардни депонии. Ѓубрето се фрла на отворен простор, на падините или долж брегот на реките во близина на градот. Многу често, целиот отпад што вклучува индустриски отпад, опасен медицински отпад и отпад од домаќинствата е измешан и отстранет на истото место. Во руралните средини, населението го отстранува својот отпад со фрлање во предградијата на населбите. Илјадници диви депонии се создадени во каменоломи, јами и во природниот пејзаж во речните корита, долж патиштата, во долините и на падините.

Европско законодавство

Европската Унија работи на тоа да се минимизира влијанието врз животната средина и да се намали отпадот што се отстранува на депониите.

Нашата постоечка економија е „создавање, користење и фрлање” на материјални ресурси на линеарен начин. Во циркуларната економија, како Европката, системите се дизајнирани за подобро искористување на вредните материјали и производи, за помало примарно користење на ресурсите и за поголеми економски можности слика.

Главните еколошки ризици од неконтролираните комунални депонии

Депониите претставуваат потенцијална опасност за загадување на почвите, површинските води и подземните води, како и воздухот и се ризик за биодиверзитетот, земјоделското земјиште и здравјето на луѓето.

Депониите го загадуваат воздухот со неконтролирано горење на отпадот и прават емисија на мириси. Тука е и ефектот на стаклена градина, како резултат на депониски гас со висока концентрација на метан.

Здравствени ризици

Дивите депонии имаат сериозно негативно влијание на здравјето на луѓето и животната средина. Годишно се губат околу 1.300 животи од аерозагадувањето. Три групи на болести се поврзуваат со аерозагадувањето и тоа ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето.

Главни извори на болести произлегуваат од влијанието на депониите врз биодиверзитетот.

Загадување на водата- контаминација на водата што ја користи населението за пиење, готвење или земјоделски потреби, што може да предизвика гастроинтестинални болести, инфекциозни болести како што се дијареа, хепатитис А и холера.

Загадување на воздухот  -се ослободуваат опасни гасови како  и токсични супстанции како диоксини, фуран и други канцерогени хемикалии кои можат да предизвикаат респираторни заболувања, како што се астма, бронхитис, и да го зголемат ризикот од развој на рак.

Ширење на заразни болести- депониите се идеално место за развој на микроорганизми, како што се бактерии, вируси и паразити, кои можат да се шират преку вода, почва или воздух и предизвикуваат сериозни болести, вклучувајќи инфекции на респираторниот систем, кожни инфекции, паразитарни болести и болести кои се пренесуваат преку вода, како што се дизентерија, колера и хепатитис.

Контаминација на почвата – отпадот често содржи токсични супстанции, како што се тешки метали, пестициди, хемикалии и пластика кои можат да ја контаминираат почвата и да влезат во аграрните култури и водните ресурси, што може да доведе до здравствени проблеми преку исхрана (особено доколку контаминираната храна се консумира)

Експозиција на опасни материи- депониите често содржат опасни материјали, како што се електронски отпад (кој може да содржи живина, олово и други токсични метали), пестициди и хемикалии за кои не се преземени соодветни мерки за безбедно управување. Експозицијата на овие супстанции може да доведе до нервни нарушувања, респираторни заболувања, оштетување на бубрезите и други хронични болести.

 Ризик од повреди и несреќи– во дивите депонии често се наоѓаат остри предмети (ножења, стакленки, игли и други остри материјали), како и предмети кои може да предизвикаат повреди (како што се стари апарати или метални остатоци)

 Влијание на психичкото здравје –Присуството на диви депонии во непосредна близина на домови може да создаде чувство на стрес, депресија и анксиозност кај жителите. Непријатните мириси, несигурноста во врска со здравствените ризици и визуелната деградација на животната средина може да предизвикаат психолошки проблеми.

Експозиција на опасни животни и инсекти– Дивите депонии привлекуваат разни штетни животни, како што се глодари, муви, комарци и други, кои се преносители на болести. Глодари, како што се пајаци и стаорци, можат да пренесуваат болести како што се бубонска чума и лептоспироза, додека мувите и комарците можат да шират патогени кои предизвикуваат заразни болести.

Дивите депонии претставуваат голема опасност за здравјето на луѓето и животната средина. Тие ги зголемуваат ризиците од различни болести, загадуваат природните ресурси, и ги нарушуваат општите животни услови. За да се намалат овие ризици, потребно е да се подобри управувањето со отпадот, да се создадат системи за правилно одлагање и рециклирање, и да се зголеми јавната свест за важноста на заштитата на животната средина и здравјето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни