Внимание со анкета во Барселона – ги прашавме жителите: „Дали знаете каде е (на мапа) Македонија? – „Не баш“, „Не знам“, „Не сум баш сигурен каде е… во Западна Европа, близу Русија“, „Не сум сигурна дека знам било што за земјата“, „веднаш до Албанија“, „во Западна Европа… беше дел од стара Југославија“.
Прашавме и „Што прво ви паѓа нешто ви паѓа на памет кога ќе чуете „Македонија“? – „Би рекла навистина фини луѓе“, „Храната, балканската храна… луѓето се толку љубезни“, „Овде во Шпанија и Каталонија „Македонија“ e овошен десерт, од различни овошја“, „Овошната салата овде ја викаме „Македонија““, „Нешто старо, нешто историско…“.
На крај, жителите на Барселона ни порачаа и што треба една мала земја како Македонија да направи за да стане вирална – „Можеби да се промовира на социјалните медиуми…“, „Да создаде видеа кои се специфични за таа култура, или храна – не знаеме што е прочуено во нивната кујна“, „Содржини за храна, бидејќи е многу добра“, „Ние овде во Шпанија не знаеме многу за Македонија, треба повеќе да ја промовирате земјата“, „Треба да го промовирате туризмот, имам слушнато дека е многу фина и убава земја, би сакал барем еднаш да отидам таму“.