Во страшниот пожар што ја зафати дискотеката за време на концертот на групата ДНК, згаснаа 59 млади животи, 59 соништа прекинати. 59 судбини распарчени. Најмладите жртви имаа само 14 години.

Граѓаните на Кочани, скршени од болка, тивко чекорат, палат свеќи и со солзи во очите испраќаат последен поздрав до оние што прерано нè напуштија. Цела држава е во жалост – оваа загуба е непоимлива, неправедна, неиздржлива.
Македонија не памети ваква трагедија. Вечерва нема зборови што можат да ја опишат болката. Само светлината на свеќите и тишината на скршените срца сведочат за тага што нема утеха.
Почивајте во мир. Вечна светлина за младите души.