Според последните податоци, Македонија и понатаму останува на дното во Европа според висината на просечната плата. Работниците во Србија заработуваат во просек 836 евра месечно, во Босна и Херцеговина 710, во Црна Гора 861 евро, во Хрватска 1.324 евра и во Словенија 1.495 евра.
Во последните 10 години, просечната плата во Македонија пораснала за околу 94%. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2014 година била 21.217 денари, додека во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.
Токму ова е една од причините за масовното иселување на младите од земјава, покажа и последното истражување на Младинската студија на Југоисточна Европа, каде покрај ниските плати, како најголем проблем се посочени и корупцијата и несигурноста на работните места на младите.