Македонија е лидер во Европа по јадењето месо, едве кој ни е во друштво

Mакедонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо, што во просек се изразува како 39 килограми месо за една година по глава на жител.

Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Лендгајст“, а која е базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и не ја брои потрошувачката на риба и морски плодови, во земјите од нашиот регион најголема потрошувачка на месо има во Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител.

Звучи неверојатно, но Србите во просек годишно јадат „само“ по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.

Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.

Извор: e-klinka.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни