Македонецот Васко Саздовски меѓу загинатите во Нови Сад

Саздовски е македонскиот државјанин што загина вчера во несреќата во Нови Сад кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што беа под неа.

Името на Васко Саздовски е дел од листата на загинати во вчерашната несреќа кога настрешницата од железничката станица во Нови Сад долга 50 метри падна и усмрти 14 лица, а преку 30 се повредени од кои неколку потешко. За разлика од останите чии идентитети се објавени со годината на раѓање, кај Саздовски тој податок изостанува.

Српските медиуми листата на осумтемина идентификувани лица чии тела беа извлечени од под уранатините ја објавија вчера вечер.

Претходно и Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, објави дека се идентификувани седум од загинатите. Таму покрај иницијалите на две женски лица А. Р. (2004) и А. Ќ. S. (1989), беа наведени и пет машки лица H. S. (1997), M. M. (2003), Ш. Ѓ. (1947), Р. В. (1955) и С. В. Меѓутоа и тука ја немаше годината на раѓање на лицето С.В.

Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија медиумите вчера:

  • Васко Саздовски од Македонија (возраста и местото на живеење засега се непознати)
  • Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
  • Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
  • Стефан Хрка (27) од Белград
  • Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
  • Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
  • Вукашин Раковиќ (69) од Буковац

Како што пренесуваат српските медиуми, повредените кои успеале да излезат од под урнатините, влегле во холот на железничката станица и им била укажана помош. Под урнатитне беа извадени и неколку тешко повредени кои се во критична состојба.

Во текот на вчерашниот ден четири багери и осум шлепери го расчистуваа местото. На помош имаше и механизација од приватни фирми. Како што пренесуваат медиумите во Србија, пристигнуваат и специјални екипи за урнатините.

Изведувач на реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, чиј дел денеска се урна а, беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co.Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни