Мајкинес – рајски остров на Фарските Острови без масовен туриза

Мајкинес е мал остров на Фарските Острови познат по тупиците, светилникот и недопрената природа. Дестинација за трпеливи патници без масовен туризам.

На самиот западен раб на Фарски Острови се наоѓа малиот и речиси нереален остров Мајкинес, кој го дели името со единственото село на него. Иако има повеќе од четириесет куќи, таму преку целата година живеат само околу петнаесет жители. Во зима, кога деновите се кратки, а морето непредвидливо, хеликоптерот е единствената врска со остатокот од светот.

Временските услови на Фарските Острови го диктираат распоредот на пристигнувања и заминувања, па искусните патници советуваат да се планираат дополнителни денови. Не е реткост посетителите привремено да останат „заробени“ поради силен ветер или бури. Во летниот период траект редовно сообраќа од Сорвагур на островот Вагар, додека во пролет и есен линиите се поретки. Хеликоптерските летови се достапни во текот на целата година, но предност имаат локалното население и транспортот на стока. Мајкинес не е дестинација за масовен туризам, туку награда за трпеливите и љубителите на недопрената природа.

Со доаѓањето на летото, островот оживува. Куќите се отвораат, пристигнуваат планинари и љубители на дивата природа, но и покрај тоа владее тишина бидејќи автомобили нема. Се слушаат само морето, ветерот и птиците, што му дава на местото посебна магија.

Мајкинес е познат како едно од најважните живеалишта на морски птици во земјата. Тука се наоѓа една од најголемите колонии на тупици, познати и како морски папагали. Тие пристигнуваат кон крајот на април, најбројни се во јуни, кога ги подготвуваат гнездата, а во јули се изведуваат младенчињата. До крајот на август најголемиот дел повторно се враќа на отворено море. Посетителите можат да ги набљудуваат одблизу, но строго е забрането движење надвор од обележаните патеки, приближување до гнезда и користење дронови.

Еден од најпрепознатливите симболи на островот е светилникот на островчето Мајкинесхолмур, изграден во 1909 година. Денес е автоматизиран, а пристапот во летната сезона често е ограничен со цел заштита на птиците.

Сместувачките капацитети се ограничени и потребна е навремена резервација. Достапни се мали пансиони, куќички и апартмани во реновирани традиционални објекти, како и можност за кампување. Поради зголемениот број посетители, воведени се мерки за заштита на природата, а движењето надвор од јавните патеки е дозволено само со лиценциран водич и со претходна најава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни