На фотографијата, направена со дрон за време на протестот во Нови Сад, таа напиша:
„Моќта на единството. Она што медиумите не го прикажуваат е дека сме сведоци на еден од најголемите студентски движења во регионот од 1968 година. Поддржете го обединувањето ширум светот.“
Под оваа објава јасно стои: „Србија, токму сега.“
Во својата порака, Мадона објаснува дека „речиси сите универзитети се затворени од страна на студентите, а се одржуваат и 24-часовни блокади. Илјадници луѓе излегуваат на улиците на Србија, барајќи системски промени и помалку корупција во Владата.“
Протестите се одржаа по повод три месеци од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога се урна покривна конструкција, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени. На протестите учествуваат студенти од цела Србија, жители на Нови Сад, но и граѓани од други делови на земјата.
Студентите поставија четири конкретни барања, меѓу кои и објавување на целокупната документација за градежните работи на железничката станица и санкционирање на сите одговорни за физичките напади врз студентите.