Мадона ја поддржа српската студентска блокада: „Моќта на единството. Србија, токму сега“

Една од најголемите светски музички ѕвезди, американската пејачка Мадона, на својот Инстаграм профил објави фотографии од студентските протести во Србија, изразувајќи поддршка за нивните барања.
Madonna is seen departing the Dolce & Gabbana after party on September 21, 2024 in Milan, Italy.,Image: 910605531, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: IPA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

На фотографијата, направена со дрон за време на протестот во Нови Сад, таа напиша:

„Моќта на единството. Она што медиумите не го прикажуваат е дека сме сведоци на еден од најголемите студентски движења во регионот од 1968 година. Поддржете го обединувањето ширум светот.“

Под оваа објава јасно стои: „Србија, токму сега.“

Во својата порака, Мадона објаснува дека „речиси сите универзитети се затворени од страна на студентите, а се одржуваат и 24-часовни блокади. Илјадници луѓе излегуваат на улиците на Србија, барајќи системски промени и помалку корупција во Владата.“

Протестите се одржаа по повод три месеци од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога се урна покривна конструкција, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени. На протестите учествуваат студенти од цела Србија, жители на Нови Сад, но и граѓани од други делови на земјата.

Студентите поставија четири конкретни барања, меѓу кои и објавување на целокупната документација за градежните работи на железничката станица и санкционирање на сите одговорни за физичките напади врз студентите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни