Мајсторот на имитации кој ќе ве насмее до солзи | Жарко Јовановиќ – РеТрн

Жарко Јовановиќ – еден од најпозитивните ликови на социјалните мрежи – е нашиот гостин во новата епизода на РеТрн.

Неговите неверојатни имитации на познатите политички и општествени личности ќе ве насмеат до солзи. Со извонреден талент за трансформација, Жарко маестрално доловува повеќе од 15 јавни фигури, а во својот репертоар има уште 30 други ликови за кои никој и не претпоставува дека ги имитира совршено, до најситен детаљ.

Како актер во Кумановскиот театар, Жарко живее за уметноста, а како секој вистински актер, сонува еден ден да застане на сцената во улогата на Хамлет. Куманово му е во срцето, а кога е во својот град, омиленото место му е едно обично, но за него посебно – кумановското сокаче.

Иако честопати патува меѓу Скопје и Куманово, секогаш го избира своето Куманово. Подгответе се за епизода полна со смеа и позитивна енергија заедно со Жарко Јовановиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни