Мајкрософт инвестира две милијарди евра во шпанските центри за податоци

Американскиот дигитален гигант Мајкрософт најави дека ќе инвестира речиси две милијарди евра во центри за податоци за апликации за вештачка интелигенција во Шпанија, со планирана инфраструктура во Германија и Велика Британија.

Таа сума, според најавата на шпанскиот премиер Педро Санчез и директорот на Мајкрософт, Бред Смит, ќе биде инвестирана во следните две години, пренесе dpa.

Парите ќе бидат искористени за проширување на инфраструктурата за вештачка интелигенција (AI) и cloud computing (облак), напиша Смит на онлајн платформата X, поранешна Твитер.

Инвестиции во Германија, Велика Британија и Австралија
Смит неодамна објави дека Мајкрософт ќе инвестира речиси 3,3 милијарди евра во следните две години за да го прошири капацитетот на центрите за податоци за ВИ и апликации за компјутерски облак во Германија.

Најголемата поединечна инвестиција во 40-годишната историја на Мајкрософт вклучува и програма за обука за вештачка интелигенција, која треба да привлече до 1,2 милиони Германци.

Минатиот ноември, Мајкрософт вети дека ќе инвестира 2,5 милијарди фунти (2,9 милијарди евра) во развојот на вештачката интелигенција во Велика Британија до 2026 година. Еден месец претходно, Смит најави и пет милијарди австралиски долари (три милијарди евра) инвестиции во секторот за вештачка интелигенција во Австралија, објави Хина.

Извор: balkans.aljazeera.net/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни