Мајкрософт е еден од можните купувачи на ТикТок

Законот усвоен во 2024. година според кој Бајтенс мора да ја продаде апликацијата или ќе биде забранета на американска територија, стапи на сила на 19. јануари, ден пред инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави вчера дека Мајкрософт е меѓу компаниите кои би можеле да го купат ТикТок во рамки на планот на американската влада да се избегне забрана на оваа социјална мрежа во САД. Трамп одговори потврдно на новинарското прашање дали Мајкрософт води преговори за купување на ТикТок.

„ТикТок предизвикува многу интерес, има голем интерес за ТикТок. Јас ги сакам акциските војни затоа што тие овозможуваат да се направи најдобрата можна работа“, рече Трамп.

Тој одбил да открие кои се други заинтересирани за купување на ТикТок, но рекол дека станува збор за врвни компании.

ТикТок, многу популарна платформа меѓу младите, која е во сопственост на кинеската група Бајтенс.

Законот усвоен во 2024. година според кој Бајтенс мора да ја продаде апликацијата или ќе биде забранета на американска територија, стапи на сила на 19. јануари, ден пред инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

Трамп веднаш по преземањето на функцијата ја суспендирал примената на законот за два и пол месеци во надеж дека ќе се најде решение со Пекинг, и предложил Бајтенс да ѝ даде на САД 50 отсто од капиталот на ТикТок, за да не се применува законот.Вашингтон тогаш би можел да го пренесе тој удел на американски приватни компании.

Според американското јавно радио NPR, владата се обидува да формира група инвеститори околу Оракл (претпријатие за клауд решенија) за да ја преземе контролата над алгоритмот и податоците на платформата, додека Бајтенс ќе остане малцински акционер.

Трамп во август 2020 година се обиде да ја забрани ТикТок во САД, кога Мајкрософт се здружи со Волмарт за да предложи понуда за откуп на оваа платформа, која Бајтенс ја одбил. Оракл тогаш објави договор за преземање малцински удел во ТикТок од 12,5 отсто, но тој договор никогаш не се реализирал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни