,,Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Нејзините дела се глас кој ја истакнува важноста на прекинување на насилството и покренување на клучни прашања на оваа тема

На 25ти ноември во Музеј на град Скопје ќе биде отворена самостојната изложба ,,Лузни на издржливост, гласови на надеж” на Мартина Спасовска.

Нејзините дела се глас кој ја истакнува важноста на прекинување на насилството и покренување на клучни прашања на оваа тема.

,,Делата на Спасовска ја нагласуваат нераскинливата врска помеѓу личната наративна и колективната меморија, нагласувајќи едно пошироко женско искуство обликувано од општествените притисоци и внатрешните конфликти. Елементите кои го чинат проектот ги повикуваат гледачите да ги препознаат сопствените дамки (лузни, болки) во овие „текстови“ на издржливост, концепт подвлечен од феминистичката теоретска рамка на Хелен Сиксо, која вели дека пишувањето и изразувањето мора да се движат подалеку од ограничувањето на општествените очекувања за да го истражат „телото како интегрален медиум за кажување на нечија вистина.“ Делата на Спасовска, како симболи на издржливоста, може да се гледаат како феминистички текстови сами по себе – секој од нив означуваjќи артикулација на преживување, глас што се издигнува против замолчувачкиот ефект на траумата” – вели Д-р Ана Франговска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни