Луксузен одмор со неочекувани гости: Црни прасиња ја пречекаа Катарина Ивановска!

На снимката се гледа како Катарина и пријателите во чамец се приближуваат кон брегот, каде љубопитните прасиња се собираат околу нив, очекувајќи храна. Групата ги храни, сè додека едно од прасињата не покажува малку премногу интерес и се обидува да се качи во чамецот и да им се придружи.

Најновото летно видео кое се проширува на социјалните мрежи доаѓа од прекрасниот грчки остров Атокос, каде нашата позната манекенка Катарина Ивановска, заедно со нејзиното друштво, ужива во летен одмор.

На снимката се гледа како Катарина и пријателите во чамец се приближуваат кон брегот, каде љубопитните прасиња се собираат околу нив, очекувајќи храна. Групата ги храни, сè додека едно од прасињата не покажува малку премногу интерес и се обидува да се качи во чамецот и да им се придружи.

Атокос е познат по дивата природа, недопрените плажи и, очигледно, необичното друштво кое го дели островот со туристите. Овие симпатични, но непредвидливи прасиња стануваат сè причина повеќе да се посети островот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни