Лубеницата и дињата не се за сите, одредени групи на луѓе треба да внимаваат

Со доаѓањето на летото, полиците во продавниците и пазарите се полни со лубеници и дињи. Лубеницата е богата со магнезиум, калиум, калциум, цинк, железео, кобалт, јод, витамини Ц, А и Б, како и фолна киселина. Дињата содржи калиум, калциум, натриум, магнезиум, сулфур, железо, јод, видамини А, Ц, Е и Б.

Сепак се препорачува дињите и лубениците да се консумираат одделно, а не заедно за подобра апсорпција на хранливите материи.

Една порција од 300 до 500 грама дневно нема да предизвика прејадување и не штети по здравјето, а нутриционистите препорачуваат лубеница и диња да се јаде во првата половина од денот, за да се избегне вечерно покачување на шеќерот и пореметувања во спиењето.

Умерените количини лубеница не претставуваат серизоен здравствен ризик за повеќето луѓе, но некои треба да бидат внимателни, пренесува Medical News Today. Највнимателни треба да бидат дијабетичарите, бидејќи лубеницата е овошје со природни шеќери. Луѓето со дијабет мора однапред да го испланираат внесот на јаглени хидрати во своето дневно мени.

Нутриционистите советуваат дека подобро е лубеницата да се консумира цела, отколку како сок, бидејќи со цедењето се губат дел од влакната, па телото полесно апсорбира шеќер.

Исто така, некои може да развијат и алергиски симптоми како осип, оток или отежнато дишење по јадењето лубеница. Доколку се случи тоа, потребна е медицинска помош бидејќи алергиската реакција понекогаш може да доведе до анафилакса, што е состојба опасна по живот.

Дијабетичарите и пациентите кои земаат бета-блокатори, лекови за срцеви заболувања, мора да бидат внимателни при јадењето дињи. Дињата обезбедува околу 10 отсто од дневните потреби за калиум, а бета-блокаторите може да предизвикаат зголемено ниво на калиум.

Луѓето кои земаат бета-блокатори треба умерено да консумираат диња, бидејќи високото ниво на калиум во организмот може да предизвика оштетување на бубрезите.

Извор: Индекс.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни