Германскиот завод за статистика открива дека чоколадото поскапело за повеќе од 20% во последната година поради скокот на цените на какаото и шеќерот, додека гумите за џвакање и гумените бомбони неочекувано станаа поевтини. Новите податоци покажуваат остар контраст во цените на бомбоните пред сезоната на адвент.
Според новите податоци на германскиот завод за статистика, германците, оваа година ќе мора рацете да ги стават подлабоко во џебовите ако сакаат да јадат традиционални адвент слатки.
Нивната пресметка, покажва дека чоколадото сега е дури 21,8% поскапо отколку пред една година, додека другите чоколадни производи поскапеле помеѓу 16 и 30%.
Во октомври, пралините биле поскапи за 22,1% во споредба со истиот месец минатата година, додека бисквитите поскапеле многу поблаго, само за 1,7%.
Како резултат на тоа, вкупните потрошувачки цени во Германија во октомври биле во просек за 2,3% повисоки, а храната за 1,3%.
Слаткарите објаснуваат дека скокот на цената на слатките е последица на зголемувањето на цената на основните суровини како што се какаото и шеќерот.
Минатата година, на ниво на производител, шеќерот чинеше повеќе од двојно во споредба со 2020 година. Иако стана значително поевтин минатото лето и беше за 40,2% поевтин во јуни во однос на претходната година, неговите цени сè уште се на високо ниво.
Зошто чоколадото стана толку скапо?
Состојките на какаото, како што се какао масата, какаото во прав и какао путерот, се увезуваат претежно и во септември беа околу 26% поскапи отколку една година претходно. Минатиот април, самото какао беше речиси три пати поскапо отколку во истиот месец од 2023 година, а какао масата и какао путерот забележаа сличен тренд.
Иако цените на овие суровини малку паднаа во последните неколку месеци, експертите предупредуваат дека тие сè уште се „екстремно високи“.
Главната причина се слабите приноси и намалената понуда на светскиот пазар, особено во западноафриканските земји.
Поради ова, увозот на какао од Германија од јануари до септември се намали за 16,8% во споредба со претходната година, на околу 449.400 тони. Поголемиот дел од какаото сè уште доаѓа од Брегот на Слоновата Коска, кој држи околу една третина од целиот увоз.
Сепак, една добра вест е дека гумите за џвакање и гумените бомбони станаа поевтини!
За разлика од чоколадните производи, слатките како што се гумените бомбони и гумите за џвакање паднаа по цена од 2,8%, соопшти германскиот Дестатис.
