Пеги Гоу објави нов сингл кој е дел од нејзиниот долгоочекуван албум LP, I Hear You. Минатиот месец, диџејката ја сподели песната „1+1=11“, заедно со официјалното музичко видео во режија на исландско-данскиот уметник Олафур Елиасон.
Ова издание следи по соработката од минатата година со Лени Кравиц. Нивниот заеднички сингл „I Believe In Love Again“ ги опфаќа хаусот и R&B со ритам од 90-тите.
Новиот сингл на Гоу „Lobster Telephone“, чие име е знак на скулптурата на Салвадор Дали од 1936 година – почнува да се искачува на врвот на музичките листи.
Во својот нов сингл, диџејката пее на нејзиниот мајчин корејски јазик: „Знам дека не го разбираш ова , но не е важно , Се е исто , Сите сме исти“.
Долгоочекуваниот албум на Пеги Гу ,,I Hear You’’ кој официјално ќе биде објавен на 7 јуни
„ќе биде резултат на безбројните часови посветеност во моето музичко патување за да создадам нешто безвременско а истовремено е и е доказ за моќта која ја има слушањето, за себе и за едни со други“, – изјави Гоу за нејзниот нов албум.
Извор: https://www.scoop.co.nz/stories/CU2405/S00195/peggy-gou-shares-single-lobster-telephone-from-debut-album-i-hear-you.htm#:~:text=One%20of%20the%20most%20hotly,June%202024%20via%20XL%20Recordings.