Млади и љубов: Кажи го своето мислење!

Редакцијата на Трн спроведува кратка и целосно анонимна анкета со цел да ја истражи перцепцијата на младите од 18 до 26 години за љубовта и сексот денес. Не нè интересира романтизираната верзија што ја гледаме на екрани, туку реалноста.

Љубовта, сексот, врските – теми за кои сите имаме став, но ретко зборуваме отворено. Ние решивме да ве прашаме директно.

Подготвивме кратка анонимна анкета за ставовите на младите кон љубовта и интимните врски. Без осудување, без погрешни одговори – само твое мислење. Не нè интересира романтизираната верзија што ја гледаме на екрани, туку реалноста.

Живееме во време на дигитална интимност, брзи поврзувања и нови правила на комуникација. Токму затоа сакаме да разбереме како генерацијата денес чувствува, размислува и гради односи. Анкетата трае само неколку минути, а одговорите се целосно анонимни.

Резултатите ќе ги објавиме и ќе покажеме каде се навистина македонските млади кога станува збор за ова.

🔗 Пополни ја анкетата тука: линк до анкета


Потребни се само 2 минути. Сподели и со пријателите!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни