Лидерите на ЕУ изразија поддршка на мултилатеризмот и меѓународниот поредок заснован на правила

Европската Унија отсекогаш ја поддржувала и ќе продолжи да ја поддржува Повелбата на ОН и правилата и принципите што таа ги содржи, особено оние за суверенитетот и територијалниот интегритет, политичката независност и самоопределување, се наведува во заклучоците од денешниот Самит на ЕУ во Брисел посветени на мултилатерализмот. 

„Европскиот совет ја потврдува цврстата посветеност на Унијата за ефективен мултилатеризам и за меѓународниот поредок заснован на правила. Европската унија ќе остане предвидлив, доверлив и кредибилен партнер и ја поздравува можноста, во променливото опкружување, да работи заедно со сите свои партнери, како и со Обединетите Нации и нејзините агенции во поттикнувањето на внатрешниот реформски процес за да се осигури дека ОН остануваат ефективни, економични и одговорни“, се вели во документот. 


Во него натаму се нагласува посветеноста на ЕУ на Пактот за иднината на ОН, како клучен чекор кон ревитализација на светската организација, постигнување на целите за одржлив развој и реформирање на меѓународната финансиска архитектура.  

„Европскиот совет со нетрпение ја очекува Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, што ќе се одржи во Севиља од 30 јуни до 3 јули 2025 година, што ќе биде важен чекор кон воспоставување на обновена глобална рамка за финансирање за одржлив развој. Ги повикуваме релевантните институции на ЕУ заедно со земјите-членки да работат кон амбициозен резултат“, се додава во заклучоците. 

Во нив се нагласува и „стратешката важност на океаните, отпорноста на водата и сината економија“ во зајакнувањето на конкурентноста и еластичноста на ЕУ, поморската безбедност и одржливоста и заштитата на животната средина, во контекст на „тројната планетарна криза на климатските промени, загадувањето и загубата на биолошкиот диверзитет“. 

„Европскиот совет ја поздравува намерата на Комисијата да предложи амбициозен, сеопфатен и прогресивен Европски пакт за океаните, во согласност со соодветните надлежности на ЕУ и земјите членки, кој ќе поттикне здрави океани и мориња, енергетска, поморска и прехранбена безбедност, одржливо рибарство и конкурентна европска сина економија“, се додава во заклучоците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни