Лидери на девет европски земји пристигнаа во Киев на годишнината од инвазијата

Во украинската престолнина допатуваа премиери и претседатели од нордиско-балтичките земји и Хрватска, како и раководството на ЕУ

Лидери на девет европски земји утрово пристигнаа во Киев, по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина. Во украинската престолнина допатуваа претставници на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ги пречека делегациите на централната железничка станица во Киев и им изрази благодарност за поддршката во изминатите четири години од војната.

Меѓу пристигнатите е и хрватскиот премиер Андреј Пелинкович, како и министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

Претходно беше објавено дека во Киев пристигнале и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, кои ја претставуваат Европската Унија на одбележувањето.

Посетата се одвива во симболичен момент за Украина и Европа, четири години по 24 февруари 2022 година, датум што го означи почетокот на руската инвазија и значително ја промени безбедносната архитектура на континентот.

Советот на Европа, исто така, најави низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.

Се очекува лидерите да одржат состаноци со украинските власти и да разговараат за понатамошната воена, финансиска и политичка поддршка за Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни