Летото 2024 најтопло во историјата

Ова лето беше најтоплото на северната хемисфера откако постојат мерањата, објави денес службата на ЕУ за климатски промени, Коперникус.
Фото: Rosh PR/Flickr

Просечната глобална температура ова лето на северната полутопка, од јуни до август 2024 година била за 0,69 степени повисока од просекот за овие три месеци во периодот од 1991 до 2020 година, според податоците на Коперникус.

„Во последните три месеци од 2024 година, Земјата ги доживеа најтоплите јуни и август, најтоплиот ден и најтоплото забележано лето“ изјави заменичката директорка на службата, Саманта Бурџес.

„Оваа низа на рекордни температури ја зголемува веројатноста дека 2024 година ќе биде најтопла година откако мериме“ рече таа.

Таа додава дека екстремните настани поврзани со температурите на кои сведочевме ова лето ќе станат поинтензивни и со поопасни последици за луѓето и планетата доколку не се преземат итни мерки за намалување на емисијата на стакленички гасови.

Просечната температура во Европа во текот на летните месеци е највисоката забележена, со 1,54 степени над просекот од 1991 до 2020 година, соборувајќи го претходниот рекорд од 2022 година за 1,34 степени.

Според извештаите на Коперникус, во западна и северна Европа условите биле повлажни од просекот. Во поголемиот дел од регионот околу Медитеранот и источна Европа било посуво од обично, што доведе до суши.

Фото: wirestock/Freepik

Во периодот од септември 2023 година до август 2024 година, просечната глобална температура била за 1,64 степени повисока од прединдустрискиот просек, според податоците на Коперникус.

Климатскиот серивс на ЕУ Коперникус редовно објавува податоци за температурата на површината на Земјата, ледената обвивка и врнежите.

Резултатите се темелат на компјутерски генерирани анализи кои земаат предвид милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици низ целиот свет.

Извор: ХРТ

Најново

Последни колумни