Летното сметање на времето оваа година започнува на 30 март

Летното време започнува крајот на март, а оваа година точниот датум за поместување на часовникот е 30. март, кога ќе го поместиме времето напред. Тоа значи дека ќе изгубиме еден час сон, но вечерите ќе бидат подолги.

На 30 ти март во 2:00 часот по полноќ, часовникот ќе се помести на 3:00, односно еден час напред.

Иако сè обично се подесува автоматски и не мораме да се грижиме за поместување на стрелките, ова поместување на времето и понатаму може да влијае на нашите планови (промени во сообраќајот, спиењето, работата), а преминот на летно време носи и одредени здравствени ризици.


Иако долго време се разговара за укинување на поместувањето на времето, сегашниот систем нè држи во ритам со две промени годишно – на пролет и на есен.

Летното време започнува крајот на март, а оваа година точниот датум за поместување на часовникот е 30. март, кога ќе го поместиме времето напред. Тоа значи дека ќе изгубиме еден час сон, но вечерите ќе бидат подолги.

На зимско време ќе се враќаме на 26. октомври, кога часовникот ќе се помести наназад – од 3 на 2 часот наутро. Тогаш ќе добиеме еден час сон, но деновите ќе бидат пократки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни