Програмата опфаќа три вечери со внимателно избрани наслови – од римејк на вестерн класик, до современ македонски хорор и анимација, комбинирани со свежа доза носталгија и, се разбира, пуканки.
Програма:
- Понеделник, 07.07.2025
The Magnificent Seven (2016), во режија на Антоан Фукуа, времетраење: 132 минути. - Вторник, 08.07.2025
М (2023), македонски хорор филм на Вардан Тозија, времетраење: 99 минути. - Среда, 09.07.2025
Mi(s)sing Dog (2018), краткометражен филм на Антонио Велјаноски,
и
Јон Вардар против Галаксијата (2024), првиот македонски долгометражен анимиран филм, во режија на Гоце Цветановски, времетраење: 86 минути.

Проекциите започнуваат секоја вечер во 21:00 часот, а влезот ќе биде отворен од 20:00 часот. Организаторите информираат дека по почетокот на проекцијата влез нема да биде дозволен.
Цената на билет е 500 денари по автомобил, а може да се набави во кафе барот Shilla Coffee или директно на влезот на локацијата.
Со внимателно одбрана програма и амбиент кој потсетува на минатите времиња, ова летно кино претставува идеален начин да се ужива во филмски вечери надвор од конвенционалните сали.