Летен саем на книга во Гевгелија

Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија ве кани на летниот Саем на книга 2024.

Саемот ќе биде отворен од 14-ти (среда) до 18-ти август (недела) од 18:00 до 22:00 часот, каде своите најнови изданија – белетристика, литература за деца, трилери… ќе ги претстават пет македонски издавачки куќи: Гаврош, Чудна шума, Сказнувалка, Полица и Божилак.

Саемот ќе се одржи под јаворот до библиотеката.
Збогатете ја вашата книжевна колекција и дојдете на летниот саем на книга!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни