По бројните реакции од ширум светот дека апликацијата ТикТок во иднина ќе биде целосно, или делумно ограничена кинеските експерти од областа не седea со скрстени раце. Тие уште пред неколку години, односно во мај 2020 развија апликација која е многу слична на ТикТок. По само една година од нејзината достапност таа достигна речиси 1 милион преземања. Особено беше интересна за корисниците во САД и Обединетото Кралство по тамошните суспензии на ТикТок.
Иако би можел да биде дел од деловната стратегија на „ByteDance“, новиот производ кој би го заменил ТикТок исто така не е најдоброто решение, тврдат експертите.
„Тоа е секако интересен тајминг. Се чини дека „ByteDance“ го турка „Lemon8“ како потенцијална алтернатива на ТикТок“, изјави за „CNBC“ Линдзи Горман, виш соработник за технологија во развој при „German Marshall Fund“.
Во март, „ByteDance“ ги повика креаторите на својата „нова платформа Lemon8“ пред да биде официјално лансирана во САД, наведувајќи го успехот на нејзината „сестринска компанија ТикТок“, пишуваат светските медиуми.
Апликацијата „Lemon8“, спој на Инстаграм и Пинтерест, првпат беше „лансирана“ во Јапонија на почетокот на 2020 година. Оваа лајфстајл апликација која се фокусира на здравјето и убавината брзо се искачи на листата на најпопуларни во САД.
Според анализата на компанијата „data.ai“, „Lemon8“ скокнала за 693 места и станала втора најсподелувана апликација во САД во последните 30 дена.
„Lemon8“ има 17 милиони преземања на светско ниво откако е основана, тврди порталот „Apptopia“.