Лекарка ги истакнува најважните витамини за зајакнување на имунитетот на децата

Започна новата училишна година и децата се вратија во градинка, а многу родители се прашуваат како на своето дете да му обезбедат силен имунитет кој ќе може да се избори со настинките и вирусите.
Фото: Freepik

Марија Лашева, докторка специјализирана за заразни болести, откри дека витамините А, Б и Ц се најважни за силен имунолошки систем Тие можат да ја зголемат отпорноста на инфекции.

Освен што го зајакнува имунолошкиот систем, витаминот А помага за подобрување на видот и позитивно влијае на растот и репродуктивната функција. Може да се најде во производи како што се тиква, моркови, брокула, црн дроб, јајца и путер.

Б-витамините се важни за целокупниот метаболизам. Ги има во млечните производи, житариците, лиснатиот зеленчук, мешунките и морските плодови.

Витаминот Ц ја контролира состојбата на крвните садови, го зајакнува имунитетот и ги намалува симптомите на грип и настинка. За да го снабдите организмот со овој витамин, треба да јадете свеж зеленчук, овошје и кељ.

Лекарката ги потсетува родителите и на важноста од хранливата ужина. Наместо печива, кои не се здрава опција, подобро е детето да јаде овошје, јогурт, неколку јаткасти плодови и шише вода. Овие намирници ќе помогнат во одржување на енергијата и здравјето во текот на денот.

Извор: Индекс

Најново

Последни колумни