Трн на „Мери Џејн “- најголемиот канабис фестивал и експо во Европа

Легализацијата на канабисот отвара нова ера во Германија

Германија стана една од земјите чии законодавства го легализираа канабисот за лична употреба, откако на први април во Бундестагот беше изгласан законот со кои се овозможува индивидуите и доброволните групи да одгледуваат и поседуваат одредени количини канабис.

Законот беше поддржан од владејачката коалиција формирана од Зелените, Социјалдемократската партија и Либералите, кои по долги преговори и несогласувања околку предложените ставки во законот сепак на 1 април го изгласаа законот со кој се легализира одгледување до три стебла за приватна употреба и поседување до 25 грама канабис.

На оваа тема „Трн“ разговараше со  Макс , шеф и интернационален агент за продажба во Ројал Квин Семиња со кого се сретнавме на „Мери Џејн “- најголемиот канабис фестивал и експо во Европа.

-Ова е нов голем почеток и нова ера бидејќи Германија ни покажува некои работи кои беа неочекувани поради начинот на гледање на канабисот во Европа. Со неговата легализација видовме дека никој не умира наоколу, немаме зомбија околу нас… Промената на законодавството во Германија е голем чекор и покажува на остатокот од Европа дека канабисот може да биде една од работите како пивото, виното, цигарите, пурите. Затоа сме навистина среќни што ова се случува и среќни сме што сме тука – вели Макс.

Според него легализацијата на марихуаната за новата генерација ќе создаде подобар свет, нови можности и нови лекови и тој е навистина среќен што е дел од овој проект.

Годинава тој е на фестивалот како претстваник на Ројал Квин Семиња кои се на пазарот околу 17-18 години.

Репортажата е направена во соработка со „Билка“, Здружение за канабис и зелени политики.

Видео репортажа: Aнгел Ангеловски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни