Покренато од студентите на почетокот на ноември, по несреќата во Нови Сад во која загинаа 15 лица, граѓанското движење не ослабнува, пишува францускиот Le Mond.
Иако истрагата сè уште трае, повеќе од десет лица се обвинети. Повеќе од два месеца по уривањето на дел од железничката станица во Нови Сад, што покрена широк бран протести во Србија, илјадници луѓе повторно протестирааа во Белград на 12 јануари, барајќи санкии за корупцијата навласти и правда во овој случај, пишува Le Mond.
Од 16 часот, илјадници Срби се собраа во центарот на главниот град, со свирчиња околу вратот и значки со слика на крвава рака – симбол на протестот кој трае од 1 ноември. Четиринаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа на лице место, додека петтото лице почина неколку недели подоцна во болница. Покренато од студентите кои веќе неколку недели ги блокираат повеќето универзитети во земјата, ова движење не изгледа дека ослабува во оваа земја од 6,8 милиони жители, која повеќе од десет години е водена од Српската напредна странка (десница, националисти), се наведува во Le Mond. .
За учесниците на протестите, кои се поддржани од повеќе од 60% од Србите, според неодамнешно истражување, оваа несреќа е резултат на корупцијата која тие ја осудуваат со секој протест. „Дојдовме тука да побараме промени, да побараме правда и да спречиме оваа земја да продолжи по патот на корупцијата“, изјави на почетокот на протестот Милена Чиќиќ (34) за агенцијата Франс Прес.
„Многу луѓе бараат промени, така што имам надеж. Учествував во многу протести, но сега гледам надеж и тоа е најдоброто нешто на светот“, истакна таа.
„По неколку месеци, промената е видлива“, изјави Ранко Власислављевиќ, 51-годишен инженер. Тој додаде: „Народот се разбуди, граѓаните се разбудија. Сите мора да станеме против оваа неодговорна власт и неспособноста на обвинителството. Има промени. Мали се, но се присутни“, пишува Le Mond.
Истрагата за несреќата на железничката станица сè уште трае, а повеќе од десет лица се обвинети, меѓу кои и поранешниот министер за сообраќај, Горан Весиќ.
Меѓутоа, демонстрантите бараат поголема транспарентност во врска со истрагата и договорите за обновата на станицата, кои, меѓу другото, се потпишани со кинески, унгарски и француски компании, се заклучува.