Експертот за говор на телото, Дарен Стентон, изјави дека Меланија Трамп за време на победничкиот говор покажала дека не сака да биде со својот сопруг, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Изјавата ја пренесува Мирор.
Како што се виде во медиумите, Трамп излезе на сцената и ја изрази честа да стане претседател, при што најави „златно доба“ за нивната земја.
Во таа прилика на сцената, на Трамп му се придружија претприемачот и шеф на УФЦ, Дејна Вајт, сенаторот Џеј Ди Венс, луѓе од кампањата, синот Барон и сопругата Меланија, кои дури добија бакнеж во образот од Трамп.
Трамп ја пофали својата сопруга и нејзината книга, во која таа ги искажа своите ставови за абортусот и ѝ се заблагодари што напорно работи за да им помогне на луѓето. Според експертот за говорот на телото, Стентон и покрај пофалбите и благодарноста, Меланија не сакала да биде таму.
„Меланија не сака да биде во центарот на вниманието“, рече Стентон, објаснувајќи дека Трамп секогаш го привлекувал вниманието на луѓето и дека тие двајца имаат „незгодна динамика“. Стентон, исто така, истакна дека Меланија се насмевнувала само кога нејзиниот сопруг ја гледал, додавајќи: „Таа едноставно има безволност во нејзините изрази. Таа не сака да биде таму, во центарот на вниманието“.