Лазар Аврамовски и новата димензија на „Седна баба да вечера“ која нема да ве остави рамнодушни

Музичкиот и мултимедијален уметник Лазар Аврамовски деновиве го објави своето најново музичко и видео дело. Овој пат тој ја обработи „Седна баба да вечера“, хумористичната народна песна, со што ѝ откри една нова димензија на традиционалната нумера која е обработувана неколку пати.

„Во овој аранжман сакав да ја доближам младата публика до изворните народни песни преку диско-фанк-соул реаранжман“, напиша во промотивните материјали за аранжманот и видеото Аврамовски.

Главни вокали во изведбата на „Седна баба да вечера“ се Светлана Јовановска, Тања Кочовска и Јелена Јовановаа, а придружни вокали се на Ана Костадиновска, Сара Пројковска и Ивана Гешовска.

Музичкиот дел на реаранажманот го изведуваат на тапани – Гоце Стевковски, на гитара – Александар Ристовски, на перкусии – Ратко Даутовски, на бас гитара – Горан Гешовски, на клавијатури – Лазар Аврамовски, на Виола – Александар Лаовски и на виолина – Димитар Михајловски,

Снимањето и постпродукцијата на видеото за песната се на Лазар Аврамовски и Ангел Ќосев, а како продуцент се појавува самиот Лазар Аврамовски, кој им изразува голема благодарност на помагателите, компаниите и јавните институции кои помогнаа и ја овозможија реализацијата на овој проект

Лазар Аврамовски е композитор, продуцент, аранжер, оркестратор и едукатор повеќе од дваесет и пет години и во текот на неговата кариера соработува со многу музичари, пејачи, режисери и продуценти кои го обликуваат неговиот музички опус на начин што целосно ја изразува неговата музичка посебност и комплетност

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни