Трагедија на 3.500 метри: лавина на Алпите однесе животи на петмина германски планинари

Во регионот Јужен Тирол, популарна планинарска дестинација за туристи од Германија, лавина предизвика трагедија во која загинаа пет лица, додека спасувачите и понатаму го пребаруваат теренот.

Во северниот италијански регион Јужен Тирол, на надморска височина од околу 3.500 метри, се случи тешка несреќа кога лавина ги однесе животите на пет германски планинари.

Според локалните власти, несреќата се случила во Алпите, во близина на планинскиот масив Ортлер, познат по стрмните ледници и честите снежни урвини во зимскиот период. Групата планинари била дел од организиран алпинистички искачување, кога снежната маса се одделила и ги затрупала.

Спасувачките тимови и хеликоптери на италијанската планинска служба биле веднаш испратени на терен, но поради густ снег и непристапен терен, операцијата за спасување била отежната. Телата на сите петмина настрадани биле пронајдени по неколку часа пребарување.

Регионалните власти издадоа предупредување за висок ризик од лавини, апелирајќи туристите и алпинистите да се воздржат од искачувања во наредните денови. Јужен Тирол е една од најпосетуваните планински области во Италија, особено меѓу германските љубители на зимски спортови и планинарење.

Трагедијата повторно ја отвори дебатата за климатските промени и нестабилноста на снегот во Алпите, бидејќи повисоките температури во последните години често создаваат опасни услови за искачување дури и во раната зима.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни