Една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, пејачката Тејлор Свифт (34) привлече големо внимание за време на едно ноќно излегување во Њујорк. Таа се појави во дизајнерски фустан од Вивиен Вествуд, но тој речиси остана во сенка на лакот што го носеше на ноктите од нозете.
Сите добро знаеме дека зимскиот маникир обично го предводат трендовите на темни тонови и попригушена палета на бои како темно црвена, темно кафеава, ладно сива и црна, сепак, Тејлор очигледно е дека е мајстор во создавање на нови трендови. Таа избра небесно сини нијанси.
Лакот на прстите од нозете дојде до израз благодарение на контрастот со кадифената бордо ткаенина на сандалите што ги носеше, а со овој избор пејачката ги проби традиционалните граници и на зимската и на летната мода, потсетувајќи нè дека секој детал, без разлика колку е мал, е многу важен.
Небесно сината нијанса на лак и црвено кадифе се покажа како совршена комбинација и таа на сите им одржа мала лекција за стил. При тоа не заборави да не потсети дека не мора секогаш, терендовите слепо да се следат, туку дека треба да имаме слобода да ги реинтерпретираме на свој начин. Така, Тејлор очигледно смета дека со можеби ќе се изненадиме самите себе, но и другите, а при тоа да создадеме и свој стил, без разлика во која сезона сме.