LAKESCAPE – Мрежа за креативна обнова на езерските предели

Цел на проектот е да изградиме капацитет и да поддржиме занаетчиски и дизајнерски дела на 12 европски креатори, користејќи методи на производство што се во рамнотежа со природата, инспирирани од принципите на биосферските резервати

Започнува проектот “LAKESCAPE, мрежа за креативна обнова на езерските предели“, едногодишен проект поддржан од програмата Креативна Европа, кој се спроведува во партнерство помеѓу организации од Шведска, Унгарија и Македонија, претставувајќи ги трите големи европски езера: Ванерн, Балатон и Охридското Езеро.

Проектот тестира креативно-базирани методи за придонес кон обновување на езерските екосистеми и заедници во руралните региони, истражувајќи ја улогата на уметноста и културата во промоција на здрави езерски екосистеми и заедници низ Европа.

„Цел на проектот е да изградиме капацитет и да поддржиме занаетчиски и дизајнерски дела на 12 европски креатори, користејќи методи на производство што се во рамнотежа со природата, инспирирани од принципите на биосферските резервати. Да изложиме креативни дела пријателски кон езерската околина и да развиеме концепт за европски пловечки пазар, кој ќе едуцира за еколошка одржливост преку креативна практика и ќе ја зајакне културната живост на езерските заедници. Да инспирираме и популаризираме креативна употреба на природното и културното наследство на големите езера како одржливи и достапни ресурси за иновации. За таа цел, до 12 мај ги покануваме заинтересираните занаетчии и дизајнери да се пријават на отворениот повик https://lakescape.eu/opencall “ велат организаторите.

Развивање на сопствена линија на дизајн инспирирана од животот околу езерата и обновливите ресурси од езерската средина, кратка резиденција во еден од трите езерски градови: Лидчепинг, Струга или Барнаг,
учество на пловечкиот пазар Lakescape на езерото Ванерн и презентација на нивното пазарно-подготвено дело во Лидчепинг, Шведска, на 15–16 август 2025 година. Исто така ќе има можност за продажба на своите дела преку Lakescape е-продавницата и претставување во каталогот на проектот што ќе се дистрибуира до потенцијални купувачи и културна публика низ цела Европа.

Како поддршка за заинтересираните апликанти и пошироката публика што сака да дознае повеќе за проектот и можностите за вклучување, нашиот партнер Pro Progressione организира ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ на 5 мај во 18.00 часот (ЦЕТ).
Повеќе информации за предавањето можете да најдете на настанот на Фејсбук:
https://www.facebook.com/share/1DWViY5QyK/  и да се регистрирате на следниот линк:
https://forms.gle/ya2XvVE2UXdhcNc36

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни