Новогодишната ноќ во Македонија ќе помине во знакот на многу ладно и суво време, под влијание на изразен ладен и сув воздушен бран од север. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а времето ќе биде ведро, без облачност и без врнежи од снег.
Тоа значи дека земјава ја очекува таканаречен сув студ, со исклучително ниски температури на воздухот во сите региони.
Во текот на новогодишната ноќ, температурите насекаде ќе бидат под нулата, и ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени Целзиусови, додека на повисоките населени места и на планините температурите може да се спуштат и под -10 степени.
Во Скопје и околината, минималната температура ќе се спушти на околу -5 до -6 степени.
Суво и студено време ќе продолжи и на 1 јануари 2026 година (четврток), што значи дека новата година ќе започне со стабилно, но многу ладно време, без врнежи од снег.
