Прес конференцијата за филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, кој ќе ја отвори престижната селекција „Хоризонти“ на годинешниот 81. Венецијански филмски фестивал, предизвика голем интерес, објави Рацин.мк. Филмот веќе е распродаден за кино дистрибуција во над 15 европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Шпанија, Данска, Шведска, Норвешка, Полска, Чешка, Финска, Белгија.
„Мајка“ ќе се натпреварува во повеќе категории во Венеција, вклучувајќи: најдобар филм, режија, сценарио и актерски остварувања. Премиерата на 28 август е само почеток на неговото европско и светско фестивалско патување.
За македонската публика, „Мајка“ ќе биде премиерно прикажан на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 20 до 26 септември во Битола.
На прес конференцијата говореа Теона Стругар Митевска, режисерка на „Мајка“, Лабина Митевска, продуцентка на филмот, Гоце Смилевски, којшто го напиша сценариото и Сашко Мицевски, директор на Агенцијата за филм, и ова е изборот од нивните настапи пред новинарите што ги спакувавме во „Имаме неколку прашања за вас“.
Како се роди и како зрееше идејата за филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и на Лабина Митевска?
Лабина Митевска: „Мајка“ е амбициозен проект кој ние го започнавме пред седумнаесет години, а благодарение, морам тука да спомнам на Македонската национална телевизија која тогаш ни понуди на мене и на Теона да правиме документарен филм за Мајка Тереза.
И тогаш малце наивно прифативме тоа да го направиме, незнаејќи колку во суштина е тешко да се дојде до вистински информации за Мајка Тереза.
Бидејќи кога го правевме тогаш истражувањето, сфативме дека сè се легенди останати за неа, а дека само има околу, тогаш беа четири сестри кои имаа по веќе осумдесет години, коишто можат директните приказни да ги кажат за неа. Кои ја започнале со неа Missionaries of Charity (Мисионерки на милосрдието). И тогаш ја наивно мислев, океј, им кажав на македонската телевизија, они ни дадоа сосема отворени раце, и им реков, но ние сакаме да снимаме во Индија. Они ни рекоа во ред, снимајте во Индија. Но, кога ќукнав на вратата на Мишенери оф Черити, тогаш замислете, тоа се сестри коишто немаат интернет, ни ден-денес.
Сè се случува преку факс кореспонденција. Јас со нив осум месеци преговарав да нè пуштаат да снимаме, незнаејќи дека петнаесет години они новинар немаат пуштено во ниедна од нивните куќи.
Ниту имаат дадено интервју, поради контроверзијата која пред петнаесет години си има се случено со документарецот од БИБИСИ, каде што многу контроверзни факти тогаш излегоа за Мајка Тереза. Поради тоа што сме од Македонија, што им рековме дека ќе бидеме само четворица, снимателката, Теона, јас и Вук, не пуштија, но ни рекоа имате саат време. Ние рековме, ние кога ќе влеземе, не можеме да се распакуваме за еден час време, а камоли да снимаме. Како отидовме, како го направивме првиот контакт, но нè пуштија. Нè пуштија затоа што им објаснивме дека тие сестри набрзо ќе си отидат и дека нема да им остане ништо од фактите за Мајка Тереза.

Им рековме, ние сето тоа ќе го снимаме, сите интервјуа ќе ги снимаме и ќе ви го дадеме вас во архива, вие ќе имате архива, ние ќе направиме документарец, и тогаш се сложија. Отидовме таму и одедна сите врати ни се отворија.
„Мајка“ ги следи седумте дена од нејзиниот живот пред да стане Мајка Тереза
Гоце Смилевски прво рече „Не“, на поканата на сестрите Митевски да го пишува сценариото за „Мајка“. Еве зошто се премисли?
Чекај, рекоа тие, ама зошто не? Затоа што со години не разговаравме дека би соработувале. А реков, премногу е дефинирана како лик, ааа, премногу и мит има околу неа, премногу контроверза. Не би можел, не е тоа лик што би можел јас да го работам, едноставно, не.
Тие ми рекоа сепак ќе го работиш. Имаш слобода да почнеме заедно и како сакаш да биде ликот. Она што беше, нели, мој, не можам да кажам услов, бидејќи тоа е пријателско однесување и комуницирање.
Она што го побарав беше да имам комплетна слобода во однос на креација на ликот, избор на време, што ќе биде. И она што мислев дека е многу важно е целото дејствие, да… Сега не знам колку може да се открива… Да се збие во оние неколку дена кога таа решава да излезе од манастирот, да тргне на улиците на Калкута и да ја покрене својата мисија.
Нормално, мораа да бидат нужни поместувања во она што е факт. И во тоа кондензирање на времето таа жена која сепак е различна од реалната Мајка Тереза, има еден херојски момент каде што таа сепак се спротивставува на Ватикан, на очекувањето, дефинитивно сама презема една апсолутна иницијатива во сето тоа.
Времето е многу интересно, бидејќи таа четириесет и осма година се случува огромна трагедија, се случува нешто се нарекува „Индиан партишн“, односно поделбата на Хиндустан, на Индија и Пакистан, кога има милиони и милиони бегалци од едната територија во другата.
И мислам дека тоа е драматичниот момент кој е многу силен. Внесов еден лик кој не постои, кој го планирав за Лабина да го игра, меѓутоа бидејќи поминаа десет години откако е напишано сценариото, тоа времето…
Лабина Митевска: Ја остарев…
Смилевски: Не остаре, меѓутоа мало поместување и дојде времето…
Лабина Митевска: И ми ја одзема улогата, тоа е…
Смилевски: Не, не, не, не, не, не, така не. И мислам дека имавме една одлична соработка, понатака и Теона Митевска и Мата Таргич таа првичната замисла ја внесоа во некои нови филмски видувања и мислам дека за мене беше огромно искуство да го видам и самото снимање на филмот.
Теона во Мајка Тереза препозна панк рок енергија.
За Лабина Митевска „Мајка“ е нејзиниот најамбициозен филм. Таа говори и за искуството за тоа како се работеше филмот со останатите ко-продуценти
Лабина Митевска: Ова е и за мене најамбициозен проект кој сум го работила и морам да кажам дека и за Македонија, затоа што овој филм е од скоро четири милиони евра. Македонија во последниве петнаесет до дваесет години немала филм со ваков буџет, со вакви ѕвезди.
И подготовките… Кога ќе речеме петнаесет години, ние го пишувавме и го развивавме, ние после „Петрунија“ размислувавме дали да одиме со „Мајка“ или со помал филм, затоа што ги имавме можностите, но сметавме дека уште треба да созрее филмот.
Самиот факт што снимавме во Индија, што сме едни од ретките првпат во Македонија да се снима во Индија, сето тоа беше поради… Сакавме да бидеме веродостојни на фактите. Сакавме да снимаме на локациите каде што навистина Мајка Тереза била, каде што почнала.
За една европска продукција, тоа е страшно. Вие не знаете… Ние во Белгија и Македонија ако имаме по сто луѓе на сет, јав кога им се јавив таму и реков, добро во сценографија колку луѓе имаме? Обично ние имаме десет луѓе.
Они ни рекоа кај нас во сценографија за овој филм се сто дваесет луѓе. Значи, начинот на кој они работат и на кој ние работиме… Пред да почнеме и додека снимавме мене ми се тресеа нозете секојдневно.
Затоа што се будев со агентите на Номи, па на Силвија. Па…, Единствен прекресен, сите беа прекрасни, ама Никола (Ристановски) наш, беше наједноставен да се изменаџира. Потоа имавме дваесет сестри, дваесетипет.
Значи беше за една навистина комплексна задача. Морам да кажам нешто во однос на комплетирање на буџетот. Кога бевме сигурни, океј, тоа е сценариото со кое одиме јас за многу брзо време ги собрав, ги најдов овие пари.
Тоа беше негде околу осум-седум месеци. Дури во Агенцијата ми викаа, пребрза си. Јас викам, па сега… Јас сега да чекам пет години, нели, тоа е тоа што се цени, дека имаш добар филм.
И самиот факт дека ги најдовме, го снимивме и го реализиравме и сега е на Венеција. Тоа е за Мајка Тереза, за Номи, е фантастично.
За што зборува филмот? Зошто се избрани седумте дена пред одлуката на Гонца Бојаџи да стане Мајка Тереза?
Лабина Митевска: Тука е авторството на Теона. Се разбира дека тука се ѕвездите. Се разбира и дека најмногу тука е тематиката за Мајка Тереза, која што ја следиме седум дена од нејзиниот живот пред да стане Мајка Тереза.
Како и секој светец, како и секој од нас, она имала дарк период, каде што се прашувала дали постои Господ, и ако постои зошто толку мртви луѓе има на улиците. Зошто толку страдаме? Сето тоа ние го обработуваме.
Номи (Рапас) е некој што ќе те „изеде“ на сцена, ќе те „изеде“.
Како дојде до соработката со филмската ѕвезда Номи Рапас?
Не сте виделе таков актер. Кога ја прифати улогата, она даде сè. Но, ние со Теона, со неа година дена работевме. Она менуваше дијалози, она учеше акцент… И кога прифати, рече, но јас морам да го потврдам машкиот лик.
Не можете вие да го потврдите без моето одобрување. Ние рековме во тој случај ти ќе дојдеш на кастинг, затоа што на тоа ниво ѕвезди не сакаат да имаат кастинг со партнерот. Она рече, јас ќе дојдам. Се разбира дека ја и Теона сакавме со Никола да работиме.
Но, тука верувајте дека не можеш да влијаеш, на тој вид продукцијата. Не, не може. Она рече, јас не се согласувам со еден, морате да ми предложите барем тројца. Ние предложивме тројца. Другите двајца, немам сега да ги кажувам, но се големи европски имиња.
Она имаше со сите тројца актери проби во Лондон и во Брисел. Другите двајца не и се допаднаа. Ние бевме среќни што со Никола се споија.
Никола прифати да дојде на кастинг. Дојде двапати, со Теона и со неа работеа голем дел од сцените. И, Никола мене ми се јави, вика, јас неа пратам, мене ми, мене ми е сон да работам со неа. И Никола толку посветено се вклучи… Затоа што Номи е некој што ќе те изеде на сцена, ќе те изеде.
Она е неверојатна актерка, со својата доминантност. Начинот на кој работи е вчудоневидувачки. И, фала му на Господ, со Никола се споија и потоа почнавме со проби и со сето останато.
Но процесот беше многу, многу интересен и за нас.
Како „Мајка“ ги исполнува критериумите и вредностите на програмата “Хоризонти“ на Филмскиот фестивал во Вененција во која влегуваат филмови што носат иновативност и нов филмски јазик?
Видете, ние не пристапуваме така. Кога создаваш едно дело, го создаваш. Посебно Теона е режисер и мене ми е интересно да работам со неа. Кога ќе речеш Браќа Дарден, ти знаеш што да очекуваш од нив, затоа што од првиот до последниот филм, секогаш визуелно се фантастични.
Ги обожавам, но се исти. Но, имате режисери како Ларс фон Триер, на кој секој нов филм му е нова авантура, нов визуелен јазик. Теона е еден од тие режисери. И ние кога почнуваме филм Теона мене ми вика, ти си најлошиот продуцент, ти си сурова, затоа што јас од неа барам, да, кога ќе го имаме сценариото, сакам да ми кажеш во кое патување визуелно ќе ме внесеш со овој филм, затоа што знам дека ќе ме внесе во нешто друго.
Кога го гледаме развојот на Теона, сите филмови се различни. И почнуваат она и Вук да го осмислуваат, Вирџини се приклучува. Во овој филм мораме да го споменеме и Јане Ќортошев, прв асистент, без него немавше ништо да снимиме.
И почнуваат, и она го оформуваше… Знаевме дека овој филм, што Теона вика, она ја почувствува Мајка Тереза како панк рок енергија. И ќе видите во филмот има делови, нарацијата е многу убава и многу убаво се следи. Ликовите се толку важни, но визуелно е… Прво е многу добро снимено, но нејзината режисерска палка и визуелен јазик во овој филм е различен.
Не можам да ви раскажам… кога ќе го видите ќе го доживеете. Но не го правевме за фестивали, иако имавме голем терет на нас затоа што е висок буџетот, затоа што имавме за првпат во овој филм имавме голем Ем-Џи, „минимум гаранти“ кој ти го дава селзи дистрибутерот.
И кога имаш толкав и буџет, знаеш дека мораш да испорачаш нешто, очекувањата се многу поголеми, многу поголеми. Но, немаме рецепт, не можам да кажам. Посебно во ова време кога секој сака да оде на Венеција, Кан или Берлин и сите се со по пет илјади филмови.
И ти се бориш со твоето мало место, посебно кога добиваш автор од Македонија. Тоа е огромна борба. Затоа што на 27 август (Филмскиот фестивал во Венеција) во програмата „Компетишн“ отвара со Сорентино (Паоло) и Хоризонти со „Мајка“. Тој ден се само два филма, и затоа и ми го понудија. Значи само два филма.
Не го правевме филмот за фестивал, го правиш најдоброто. За нас филмаџиите, секој филм ти е прв и последен. Ако ова ти е лошо дело, следниот многу тешко ќе го направиш.

За нас филмаџиите, секој филм е прв и последен. Ако ова е лошо дело, следниот многу тешко ќе го направиш.
Што донесе ликот на Никола Ристановски и другите ликови во филмската сторија за Мајка Тереза?
Гоце Смилевски: Тој лик постои, но на еден друг начин. Односот помеѓу сите тие ликови е сосема различен во реалноста, тоа е така. Едноставно треба да бидеме свесни. Целта и на Теона и Лабина не беше да се направи бајопик и не би правел бајопик.
И кога пишувам роман, јас не пишувам историски роман. Не сакам нешто што е жанровски. Кога се работи за историја во роман, јас го сакам „Смртта на Вергилиј“ од Херман Брох, како тој тоа го изведе. Или романите на Маргарет Јурсенар.
Никако не беше (идејата) да се направи бајопик и затоа и се направи антибајопик. Кога гледате бајопик, вие гледате филмови за луѓе кои се поголеми од животот, а кои изгледаат како карикатури, кои многу добро функционираат според некои шеми на пишување и на режирање.
Целта на овој филм и на Теонија и Лабина беше да се создаде многу јак филм, со многу јаки ликови и визуелно многу јак филм. За такво нешто беше потребно да се најде некоја суштинска психологија на ликовите, а потоа малку поинаку да се модифицираат, да се изградат, и мислам дека актерите со помош на Теона тоа е извонредно го направија од она што јас можам да го видам и од материјалите што ми ги прати Лабина по интернет.
Сакам само да кажам… Не ги спомавме сите тие актерски имиња. Едно од нив, една од споредните улоги ја игра Марике Пиној, морам да ја спомнам. Значи Марике Пиној е едно од најголемите имиња на театарската сцена на Европа.
Кој знае театар, знае дека режисерот Мило Рау е еден од најзначајните три или пет имиња на светската театарска сцена. Марике Пиној е една од неговите омилени актерки. И сега ви имате, ааа, една таква актерка, нели, со која работевме на овој филм на Теона, каде што донесе еден лик до максимум, кој е спореден лик.
Така што мислам дека, дека основата беше да се долови есенцијата на ликовите, а понекогаш некои од нив, од ликовите, мора да се поместат.
Што донесе „женскиот ракопис“ во македонските филмови во последните години?
Сашко Мицевски: Агенцијата Филм го поддржа филмот во 2023-та, така, во 2023-та година со триесет и седум милиона, милиони денари, кое што беше минималната сума која што беше потребна на Лабина за да се избори ова да биде македонски филм и морам да ѝ се заблагодарам на Лабина, а заради тоа што многу гордо ја претставува нашата држава.
Секако има многу поголеми можности од нашиот фонд којшто е многу мал и скромен. Меѓутоа, има нешто кое што, еве Лабина ја приврзува да се врати во Македонија, да помогне, да биде дел од нашава филмска фела.
Исто и Теона. Така што ви благодарам, како директор. Многу инспирација носите кај млади филмски работници, кај млади продуценти и продуцентки. Теона и Лабина се почетокот на тој еден бран на жени, на женски режисерки и продуцентки, којшто моментално е многу силен во светот.
Теона и Лабина се дел од бранот на жени во филмот којшто моментално е многу силен во светот.
Гоце Смилевски е новата надеж во македонската кинематографија од аспект на филмските сценаријата.
Сашко Мицевски: Премногу е инспиративно што Гоце, кого ние сите го знаеме како голем македонски писател, конечно влегува во филмскиот свет и јас сум многу возбуден што сè ќе ни понуди Гоце како автор, бидејќи мислам дека потенцијалот е овде.
Ние недостасуваат сценаристи, така што Гоце е многу големо освежување.
Јас сум триесет години во оваа индустрија и првпат ни се случува филмот да биде купен за кино дистрибуција пред неговата премиера.
Уште пред својата премиера филмот „Мајка“ е продаден за дистрибуција во над 15 европски земји.
Лабина Митевска: На крајот на краиштата, ние ги правиме филмовите за нашата публика. Со тоа што македонскиот филм, колку и да е успешен, е многу тешко да се дистрибуира надвор.
Јас се сеќавам после „Петрунија“, којшто имаше огромен успех и исто беше дистрибуиран секаде по Берлин, зборував со францускиот дистрибутер и он вака ми објасни. Вика, види Лабина, нас ни е многу лесно во Франција да дистрибуираме ирански филмов, затоа што публиката, ако кажеме ќе доведеме новиот филм на Панах, знаат што да очекуваат. За Македонија, вика, јас направив истражување и последен филм во дистрибуција којшто сме го имале е пред 25години „Пред дождот”.
И вика сега ние треба да направиме публика. Ова зборувам за „Петрунија“. После тоа илезе „Медена земја, сега е „Диџеј Ахмет“… Сега имаме бран на филмови кои почнуваат да се дистрибуираат и веќе публиката светска знае што може и треба да очекува од македонскиот филм.
За „Мајка“, ова е првпат да ми се случува. Јас сум триесет години во оваа индустрија. Првпат ни се случува да е филмот купен за кино дистрибуција од сите земји. Зборуваме за сите европски земји. Франција веќе прави огромна подготовка за дистрибуција, таму почнува на четврти декември. Изборот за Венеција, ние имавме и други понуди за други фестивали, падна за Венеција затоа што дистрибутерите во Италија, во Германија, во Шпанија, во Франција, во најголемите европски земји, сакаат да почнат да го дистрибуираат веќе оваа зима.
Така што мислам дека, да, успех е огромен Венеција, но, ова е прв мој филм којшто бил продаден за дистрибуција пред да биде направен.