Премиерот на Косово, Албин Курти првпат одговори на критиките на специјалниот пратеник на САД, Ричард Гренел, кој неодамна го нарече несигурен партнер за Вашингтон.
Курти во интервју за косовските медиуми истакна дека односите помеѓу Косово и САД во моментот се на највисоко ниво од прогласувањето на независноста. Според него, коментарите на Гренел повеќе се резултат на медиумски интерпретации отколку на директни изјави.
Гренел на 3 февруари преку Икс објави дека „Владата на Курти беше несигурна за време на првиот мандат на Трамп, а исто беше и за време на администрацијата на Бајден“. Тој го обвини Курти за тоа што американските компании соработуваат со Албанија и со Србија, но не и со Косово.