Купувачи од 13 американски сојузни држави го тужат Burger King: „Whopper е помал од она што се прикажува на сликите

Американскиот синџир на брза храна Burger King се соочува со групна тужба од 19 купувачи од 13 сојузни држави, кои тврдат дека се доведени во заблуда од рекламите во кои популарниот Whopper и други производи изгледаат значително поголеми отколку што навистина се.

Според извештајот на Reuters, американскиот сојузен судија Рој Алтман од Мајами одлучи дека постои основа тужбата да продолжи, бидејќи е разбирливо што потрошувачите би можеле да се почувствуваат измамени од вакви огласи.

Тужителите тврдат дека во рекламите, бургерите се прикажани така што виреат од лепчето и изгледаат за 35% поголеми, содржејќи повеќе од двојно месо во споредба со вистинските производи. Burger King признава дека фотографиите се стилизирани за да изгледаат попривлечно, но додава дека „разумните потрошувачи знаат дека сликите служат само за маркетиншка привлечност“.

Судијата Алтман сепак оцени дека во овој случај можеби не станува збор само за вообичаено маркетиншко претерување. Тој го разликува случајот од слична тужба против McDonald’s и Wendy’s, која беше отфрлена во 2023 година.

Burger King, дел од Restaurant Brands International од Торонто (под чија капа се и Tim Hortons, Popeyes и Firehouse Subs), негира вина и во изјава порача:
„Обвиненијата се лажни. Плескавиците на скара што ги прикажуваме во рекламите се исти како оние што секојдневно им ги служиме на милиони гости во САД.“

Адвокатот на тужителите, Ентони Русо, изјави дека е задоволен од одлуката на судот. Случајот се води под името Coleman и други против Burger King Corp пред Окружниот суд на САД за јужниот округ на Флорида. Сличен судски процес против Subway сè уште е во тек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни