Културното наследство на Скопје собрано во постојана поставка, се отвора в петок во Музејот на град Скопје

Изложбата „Музејот – Кустос на градот“ ќе се отвори на 24 ноември во 19:30 чaсот во Музејот на Град Скопје. Станува збор за изложба која е поставена со цел да прерасне во постојана поставка, која хронолошки го претставува историскиот и културниот развој на градот Скопје.

Од Музејот велат дека богатото културно наследство на градот е раскажано преку музејски предмети, фотографии, документи и макети, почнувајќи од периодот на неолитот, железното време, раната антика, римскиот период, средниот век, османлискиот период, 19. век, 20. век па сѐ до денес.

„Музејот на Град Скопје го чува, истражува и промовира културното наследство на градот. Археолошкото, историското, оделението за историја на уметност, архитектонското и етнолошкото одделение содржат голем број музејски предмети распределени според временскиот период, содржината и контекстот за кои зборуваат. Изложбата е комплексна музејска поставка, која преку музејските предмети поставени во соодветен меѓуоднос и контекст, има за цел на посетителот да му овозможат содржинска, визуелно атрактивна приказна“, велат од Музејот.

Оттаму додаваат дека во реализацијата на изложбата учествувале сите кустоси и вработени во Музејот и дека е подготвена без пари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни