КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието

Програмата за стипендирање на КС Групацијата е дел од долгорочната стратегија за поддршка на образованието и младите таленти во Македонија

КС Групација, повторно демонстрирајќи ја својата посветеност кон грижата за унапредување на општеството и отворање на нови можности за младите, на пригодна свеченост во срцето на Битола, ја претстави својата програма за стипендирање и додели признанија на минатогодишните стипендисти за нивните извонредни академски достигнувања.

На церемонијата беа доделени стипендии и пофалници на студентите Валентин Стојановски и Петар Митревски од Факултетот за информациски и комуникациски технологии, Анамарија Крстевска и Анастасија Велевска од Меѓународен Славјански Универзитет, како и на средношколецот Марко Зајков од СОУ „Јане Сандански“.

Посебно внимание привлече доделувањето на стипендијата на Ивана Атанасовска, студентка на Мехатроника при Техничкиот факултет во Битола, која ја започна својата прва година на студии.

„Како добитничка на стипендијата, чувствувам огромна благодарност и мотивација да продолжам да ги истражувам моите интереси во областа на мехатрониката. Студиите на Техничкиот факултет ми нудат можност да се здобијам со напредни знаења и вештини кои ќе ми помогнат да го достигнам својот целосен потенцијал. Стипендијата не е само финансиска поддршка, туку и поттик да продолжам да работам напорно и да ги остварам моите професионални и лични цели, воедно и да се вработам во КС Групацијата,“ изјави студентката Атанасовска.

Програмата за стипендирање на КС Групацијата е дел од долгорочната стратегија за поддршка на образованието и младите таленти во Македонија.

Како дел од своите активности, КС Групацијата активно работи на различни иницијативи кои имаат значително влијание врз општеството. Меѓу нив се спонзорирањето на спортисти и спортски тимови, организирање и поддршката на спортски турнири и настани, како и модернизирањето на училиштата преку обезбедување на современа опрема. Дополнително, Групацијата вложува во здравството преку донации на медицинска опрема за болници и клиники, како и организирање на крводарителски акции во соработка со Трансфузиологија и Црвениот крст на Битола.

ПР

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни