Истражување: Секој трет млад човек има симптоми на анксиозност и депресија

„И страв и неизвесност и нервоза, телефонот е активен 36 часа, вчера имаше над 130 повици и многу пораки. Од минута во минута, сè поголем број луѓе бараат стручна помош“, вели Д-р Ана Муњиза Јовановиќ, психијатар од Институтот за ментално здравје, Република Србија. Посочува дека веќе има зголемена вознемиреност кај луѓето откако за два дена во Србија се случија две масовни убиства.

Каква помош бараат младите?

-Помош бараат сите. Еден дел се оние кои се директно засегнати од се што се случило, а има друг дел што е помалку видлив, тоа се голем број млади луѓе кои веќе имаат психички проблеми. Истакнува и дека во многу малку млади бараат ваква помош. Официјалните податоци на УНИЦЕФ од 2020 година се дека само 18 отсто од младите кои имаат ментални проблеми бараат помош. Не секој што е изложен на траума ќе биде трауматизиран, но голем број млади луѓе кои веќе се борат со анксиозни мисли се во дополнително отежнување.

Кој е вашиот совет до луѓето кои сега се чувствуваат несигурно?

-Од практика овој настан не изненади, загрижувачки се податоците за менталното здравје на младите во Србија, но и во Америка, Европа, Канада… најголем пораст на депресија и анксиозни растројства има во адолесценцијата. Големото истражување на Младинската организација „Кроно“ на Србија од 2020 година вели дека дури 30 отсто од младите од белградската област имаат некои симптоми на депресија или анксиозност. Сите овие податоци ни кажуваа дека треба да направиме нешто. Изминатава година УНИЦЕФ интензивно работи на подобрување на менталното здравје на младите и на превенција.

Официјално имаме само 47 лекари кои се занимаваат со ментално здравје на адолесценти и деца до 25 години, а потсетувам дека дури 75 отсто од сите ментални нарушувања започнуваат пред 25-тата година. Токму затоа пред една година беше покрената акција за обука на што повеќе стручни лица, а целна група беше менталното здравје на младите. Луѓето кои доживеале траума во првите 48 часа влегуваат во состојба на шок. Тогаш најважно е да се смири човекот. Сега треба да работиме на тоа како луѓето да се чувствуваат посигурни и кога луѓето ќе излезат од состојба на шок да продолжат да се справуваат со траумата.

Што ги мотивира луѓето да копираат трагична ситуација?

-Емоциите се дел кој се пренесува и влијае на целиот организам, а ако имате нешто што стои и тлее, тоа се прелева и влијае на функционирањето на целиот организам. Адолесценцијата е многу бурен период и време кога се развива емоционалната регулација, односно кога созрева.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни