По енормното поскапување на горивата, Владата најави кризни мерки

На вонредна владина седница ќе се разгледуваат интервенции по најавите за нов раст на цените на дизелот и бензинот, а на маса се и можни мерки за ублажување на ударот врз граѓаните.

По енормното поскапување на горивата, Владата најавува кризни мерки и прогласување на кризна состојба, дознаваат медиуми со пристап до владини извори пред денешната седница.

Според информациите на овие медиуми, на вонредната седница ќе се разгледуваат мерки за спречување на нов ценовен шок, кој се очекува да биде објавен од Регулаторната комисија утре.

Според нивните информации цената на дизелот би можела да се зголеми за околу 10 денари по литар, додека безоловниот бензин за дополнителни 6 денари по литар. Проценките се правени врз основа на цените на светските берзи.

Како дел од мерките, Владата ќе разгледува интервенции во даночната политика со цел да се ублажи притисокот врз граѓаните, а на маса ќе биде ставено и прашањето за евентуално спречување на поскапување на електричната енергија.

По завршување на седницата, се очекува обраќање на премиерот, на кое ќе бидат соопштени донесените одлуки, навестуваат медиумите со пристап до владини извори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни