Кристина Божиновски е победник на фото-конкурсот по повод Меѓународниот ден на мултилатерализмот и дипломатијата за мир

Кристина Божиновски е победник на фото-конкурсот по повод Меѓународниот ден на мултилатерализмот и дипломатијата во организација на Europe House.

Целта на конкурсот беше преку фотографија да се илустрира значењето на дипломатската хармонија.

Зошто баш оваа фотографија? Како што Кристина објасни:

“Совршената несовршеност на поставеноста на кружните отвори во ѕидот будат чувство на мир и спокојство поради асинхрониот ритам. Ритамот кој е поделен со искривена линија, која зависно од состојбата на умот означува воздигнување или пак слетување во бездна. На дното намерно е прикажана моменталната дипломатија како резултат на свеста на граѓаните и она “слетување кон дното”. Недостигот на совеста да се зачува и негува дипломатијата која е невидлива надвор од канцелариите и моќните костуми.”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни